ФЕД: Контролата на банкарскиот ризик во SVB не беше во согласност со реалноста

17

Регулаторното тело на Федералните резерви на состанок во американскиот Сенат објави дека менаџментот на банката од Силиконската долина (SVB) извршил „ужасно лоша“ работа со контрола на ризикот пред да пропадне банката.
Како што пренесува Ројтерс, членовите на Сенатот побарале да знаат зошто предупредувањата за проблемот биле игнорирани.

„Во основа, моделот за контрола на ризикот не беше синхронизиран со реалноста“, им рече на сенаторите потпретседателот на Федералните резерви Мајкл Бар.

Тој изјави дека наскоро ќе биде неопходно зајакнување на стандардите за капитал и ликвидност за банките со актива од над 100 милијарди долари.

Претседателот на Федералната корпорација за осигурување на депозити, Мартин Груенберг, рече дека неуспесите на SVB  и Signiture Bank „ја демонстрираат потребата за дополнително институционално внимание и контрола, особено во однос на ризикот од капитал, ликвидност и каматна стапка“.

Фото: Facebook