ФЕД: Нема да брзаме со разработка на дигитален долар

39

Финансиските власти на САД го анализираат создавањето на дигитален долар, но бавно ќе одговорат поради ризици како измама и фалсификување. Ова го изјави гувернерот на Федералните резерви (ФЕД) на САД, Џером Пауел.

За време на дискусијата за дигиталните валути на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Пауел истакна дека за САД е поважно да го сторат тоа правилно отколку да бидат први во светот.

“Федералните резерви во Бостон соработуваат со научници од престижниот Технолошки институт во Масачусетс за да развијат ‘хипотетичка дигитална валута за централната банка’, што ќе помогне да се проценат потенцијалните ризици“, рече гувернерот на ФЕД.

Фото: Pixabay