Федералните резерви на САД вчера ја зголемија каматната стапка за 0,50 процентни поени, што е најголемото еднократно зголемување од 2000 година, пренесе АП.
Во вторникот почна дводневната седница на ФЕД, а бидејќи инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 40 години, речиси сите очекуваа вакво зголемување на каматните стапки.
На мартовската седница ФЕД веќе ги зголеми каматните стапки за прв пат од 2018 година, за 0,25 процентни поени, а се очекува дека ќе продолжи со агресивно заострување на монетарната политика и по мај.