Федералните резерви нема да брзаат да ја зголемат каматната стапка

10

Претседателот на американските Федерални резерви, Џером Пауел ја потврди намерата на централната банка на САД дека нема да брза со подигнување на референтната каматна стапка, најмногу поради страв од растечка инфлација.

“Нема превентивно да ја подигнуваме каматата бидејќи се плашиме од забрзување на инфлацијата“, рекол гувернерот.

Тој рекол дека целта на централната банка е да се фокусираат на пазарот на труд, потенцирајќи дека нема да ги гледаат само основните податоци за невработеноста.

Во меѓувреме, растот на работните места е побавен од она што се очекувало.

Фото: Pexels