Фени доби дозвола за горење на повеќе гуми во производниот процес

29

feni_7-564x272 Компанијата Фени потврди дека доби дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање да гори повеќе гума во печките што ги користи во процесот на прозводство.

“Во согласност со нашето барање до надлежните институции, за зголемување на процентот на учество на иситнета гума во производниот процес од 15% на 25%, а по реализација на сите обврски што ги налага постапката за добивање одобрение и од страна на Фени, како и од страна на институциите, компанијата ја доби бараната дозвола. Со ова, компанијата добива можност да ги следи светските трендови, што се се попопуларни во развиените земји, а се во интерес на животната средина, односно се користат употребувани материјали, при што се штедат природните ресурси”, велат од Фени.