Фереро ги призна пропустите, го прекина производството во Белгија

141

Фабриката за чоколадите Киндер во Белгија, во сопственост на Фереро, мора да се затвори откако е поврзана со десетици случаи на салмонела.

Белгискиот орган за безбедност на храната AFSCA, исто така, нареди повлекување на сите производи Киндер произведени во фабриката во Арлон, Белгија.

Случаи на салмонела поврзани со чоколадото Киндер се пријавени во повеќе земји: Хрватска, САД, Велика Британија, Германија, Франција и Белгија. Фереро се извини и ги призна пропустите.

Белгискиот орган за безбедност на храна AFSCA соопшти дека фабриката добила наредба да се затвори откако Фереро не можел да обезбеди целосни информации за истрагата.

AFSCA порача и дека истрагата е во тек и на фабриката ќе ѝ биде дозволено повторно да се отвори само доколку Фереро може да ги обезбеди потребните гаранции дека производството е во согласност со прописите за безбедност на храната.