Ferrari F40 изработен од Лего коцки во вистинска големина

77

Ferrari F40 е автомобилска суперѕвезда од 90-тите и еден од најлегендарните модели што некогаш излегле од Маранело. Тимот на Lego му оддаде почит со тоа што од коцките направи реплика во природна големина.

Според официјалните информации, за ова ремек дело биле искористени 385.000 Lego коцки, тим дизајнери и градители го развивале моделот 1.800 часа, додека 1.900 часа биле потребни за да се состави неверојатната реплика.

Коцкастиот автомобил тежи 1.381 килограм и е многу блиску до димензиите на вистински автомобил – должината е 4,3 метри, ширината 1,8, висината 1,2 и меѓуоскиното растојание 2,4 метри. Репликата има и внатрешност која исто така е направена од Lego коцки.

Оваа креација ќе биде изложена во Legoland во Калифорнија од 12 мај.