Ferrari го претстави освежениот Portofino M

44

По претставувањето на Roma којшто е базиран на Portofino, прашање на време беше кога Ferrari ќе ја унапреди и претстави кабрио верзијата.

Ferrari Portofino M се напојува со истиот мотор од 620 КС како и Roma, а автомобилот добива стилски промени на надворешноста и внатрешноста. Со додавањето на буквата М во името, која стои за зборот Modificata (изменето), јасно се укажува дека станува збор за фејслифт и освежување.

Но, треба да имате добро истренирано око за да ги забележите промените. На надворешноста, Portofino M добива нов преден браник со поголеми отвори за воздух за поагресивен изглед, плус нови вентилациски отвори над тркалата со цел за намалување на коефициентот на отпор. Решетката, исто така, мина низ освежување и сега содржи нови алуминиумски “ребра“.

На задната страна новиот издувен систем овозможи отстранување на придушувачот, со што задниот дел на Portofino M сега е покомпактен. Како резултат на тоа, задниот браник сега е “поскулптурен“, поради што се добива похармоничен изглед во комбинација со предниот дел, велат од Ferrari.

Кога се гледа од страна, единствениот начин да се распознае Portofino M од досегашниот Portofino е благодарение на специјалните тркала со дијамантски финиш и отворите над предните тркала.

Слична е ситуацијата и во внатрешноста, со оглед на тоа дека Ferrari направи дискретни унапредувања. Оние кои се надеваа дека освежениот Portofino ќе добие слична централна конзола како Roma ќе бидат разочарани. Со исклучок на новите комбинации на бои и унапредените материјали, кабината на Portofino M изгледа исто како претходно.

Преземено од Avtoplus.mk