Ferrari на јапонските пруги – луксуз во движење

24

1

Стаклени ѕидови, луксузни апартмани и елегантен дизајн – ова е иднината на патувањето со воз во Јапонија. Луксузниот „Воз за крстарење“ (Cruise Train) се очекува да почне да работи до пролетта 2017 година.

5

Железничката компанија JR East потроши 50 милиони долари за овој луксузен воз што има прилагодувачки ЕДЦ систем, со што се овозможува да работи на двете електрични и не-електрични шини. Проектот базиран на седум ѕвезди супер – луксузен воз го креираше дизајнерот на Ferrari, Кен Окујама.

2

„Воз за крстарење“ има место за 34 патници и десет вагони од кои два ќе бидат со стаклени ѕидови за поубав поглед кон околниот пејзаж.

4

За сите оние што сакаат да се возат со стил, можат да се сместат во двокатниот луксузен вагон. Таму на првиот кат се наоѓа креветот и приватен тоалет, а вториот кат е наменет за дневен престој, пишува Дејли мејл.

3