Ferrero купи имот од 7,95 милиони евра во Србија

53

lesnici

Имотот на претпријатието Алекса Шантиќ од Србија, што го сочинува земјоделско земјиште со придружни објекти, е продадено на јавно наддавање на компанијата Агрисер од Белград за 7,95 милиони евра, пишува Екапија.

Компанијата Агрисер е во сопственост на италијанскиот производител на чоколади Ferrero.

Комисијата за спроведување на продажбата ја прифати понудата на таа компанија која, како што се наведува, била единствен учесник во наддавањето.

Претпријатието Алекса Шантиќ располага со земјоделско земјиште со вкупна површина од над 699 хектари.