Фершпед планира инвестиции од 35 милиони денари оваа година

48

fersped

Заради осовременување на процесот на работа, компанијата Фершпед во 2017 година предвидува вложување во инвестиции од 35.028.000 денари, стои во финансискиот план за 2017 година.

За реализација на зацртаните цели се предвидува одржување, но и подобрување на квалитетот на реализација на преземените активности со цел да се зголеми задоволството на комитентите, зголемување на активностите со редовните големи клиенти во сегментите на нивното работење, настојувања да се зголеми бројот на нови клиенти, активен настап во доменот на меѓународниот и локалниот транспорт и сл.

Оперативните приходи се очекува да бидат на приближно исто ниво  како и деловната 2016 година. Финансиските приходи се очекува да бидат со намалување од околу 50% во однос на 2016 год. Оперативните расходи се очекува да бидат на исто ниво како и минатата година. Финансиските расходи се очекува да бидат со намалување од околу 48% во однос на 2016 година.