Фершпед со загуба од 111 милиони денари ја заврши 2015 година

19

fersped

Акционерското друштво Фершпед на крајот на 2015 година прикажа загуба од 111.392.000 денари, покажува неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата оствари вкупна сеопфатна добивка од 16.556.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година достигнаа 2.934.017.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 2.760.498.000 денари, додека на странски пазари се реализирани 173.519.000 денари.

Фершпед е друштво за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта. Услугите на компанијата од областа на транспорт, шпедиција, царинење, складиштење ги користат најголемите претпријатија во Македонија, како и фирми од балканските земји, западна и источна Европа. Освен со шпедиција како основна дејност, компанијата се занимава и со меѓународна трговија, брокерство, хотелиерство, винарство и игри на среќа преку купување акции во тие дејности од стопанството.