Фестивалот Егзит на српската економија ѝ донесе 13,94 милиони евра

15

exit

Музичкиот фестивал Егзит што се одржа во Нови Сад, оваа година на градот и на Србија им донесе 13,94 милиони евра, изјави директорот и основач на Егзит, Душан Ковачевиќ, јавува Танјуг.

Според истражувањето на агенцијата Тим, просечната потрошувачка на гостите и посетителите во хотелите, рестораните, кафулињата, такси, продавници… изнесувала 468 евра по човек за целото времетраење на фестивалот.

Според Ковачевиќ, овогодишните резултати се исклучително добри. Економскиот придонес на Егзит 2016 е 13,94 милиони евра, а годинава имало преку 30% повеќе гости од странство. Најмногу трошеле гостите од Западна Европа, во просек 721 евро, а меѓу традиционално најбројните гости од Велика Британија и Холандија, сè повеќе посетители има и од Австрија и Германија. Најмала потрошувачка забележале домашните гости, кои во Нови Сад во просек трошеле по 199 евра.

Фото: Facebook