Фестивалот на виното – Виноскоп оваа година на нова локација

50

vina vinoskop

Осмото издание на фестивалот на виното Виноскоп оваа година ќе се одржува на нова локација, на плоштадот Карпошово востание, помеѓу Музејот на холокаустот и Музејот на македонската борба, од 24 до 28 септември.

“Традицијата продолжува и оваа година, по осми пат – реномираниот фестивал кој ја исполнува културно – уметничката емоција на градот Скопје – Виноскоп. Дојдете да ги доживеете урбаните приказни во придружба со убавите македонски вина и деликатесна храна“, стои во поканата за настанот што се одржува под покровителство на Град Скопје.

Љубителите ќе можат да одберат од широкиот спектар на вински сорти на повеќе од 30 домашни винарии. Уживајќи во чаша добро вино надополнето со убава музика, гостите повторно ќе бидат дел од уникатниот позитивен импулс на фестивалот.