Февруарските пензии ќе започнат да се исплаќаат од 25 февруари

88

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец февруари   2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.02.2021 година на кои им се препорачува да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник ); и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник ).

Фото: Pexels