ФФРМ и Ветеринарната комора потпишаа меморандум

23

Федерацијата на фармери (ФФРМ) и Ветеринарната комора на Македонија денеска потпишаа меморандум со кој ја унапредуваат досегашната соработка.
Меморандумот е од интерес не само за земјоделците и ветеринарните доктори, туку од него придобивки ќе имаат и останатите граѓани, како трајни потрошувачи.
Според претседателот на ФФРМ, Андреја Секуловски, официјализирањето на соработката ќе придонесе не само полесна имплементација на прописите кои се бараат од земјоделците за да бидат конкурентни на пазарот, туку и за решавање на проблемите, со кои се соочуваат во своето работење.
“Наша цел е да ги пресретнеме проблемите, а не да ги лечиме. Сакаме да ги запознаеме ризиците во нашето работење и да им понудиме решение на земјоделците кои се наша целна група”, рече Секуловски.