ФФРМ ќе претстави веб – платформа за овошје и зеленчук во Велес

24

Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) денеска во Велес ќе одржи заедничка средба на фокус групите за овошје и зеленчук во рамки на проектот Б2Б Форум – Работиме заедно за подобрување на синџирот за вредности за овошје и зеленчук.

На средбата ќе се претстави веб – платформа и ќе се дефинира нејзиното функционирање. Дел од веб платформата ќе бидат и веќе дефинираните производи (домат, пиперка, краставица, тиква, зелка, компир, јаболко, модра слива, праска, вишна, цреша) на средбите во Струмица со фокус групата за зеленчук и во Битола со фокус групата за овошје.

Проектот се имплементира од консултантската куќа Епицентар во соработка со ФФРМ, а е поддржан од Сиппо (Швајцарска програма за промоција на извоз и увоз на Switzerland Global Enterprise).