Fiat подготвува SUV во семејството Tipo и наследник на Punto

507

Fiat Tipo семејството ќе се проширува со offroad модел под називот Tipo Cross, но и вистински SUV кој ќе биде ривал на Nissan Qashqai и Škoda Karoq.

Fiat ќе ја проширува понудата на Tipo со повеќе нови верзии, а меѓу нив ќе се најдат и кросовер/SUV понудата. Веќе се појавија фотографии од рестилизраниот Tipo со дополнителни заштитни елементи на каросеријата, што потврдува дека Fiat подготвува подигната верзија на Tipo од актуелната генерација којшто ќе треба да претставува конкуренција на Ford Focus Activ и Kia XCeed. Tipo Cross по се судејќи ќе биде додаток на актуелното семејство на Tipo кое од крајот на годината ќе мине низ рестилизација.

Меѓутоа, среднорочните планови на Fiat подразбираат и нов SUV модел со кој италијанската компанија, меѓу останатите, ќе биде директен конкурент на Nissan Qashqai и Škoda Karoq. Тој SUV би можел да биде дел од новата генерација на Tipo или негова директна замена.

“Со години произведуваме семејни автомобили. На Tipo му оди одлично бидејќи е мошне добар автомобил. Меѓутоа, не е SUV. Сега следната генерација на Tipo ќе мора да мигрира во порелевантен простор, а тоа е просторот на SUV модели. Поради тоа најверојатно ќе видите семеен автомобил од Tipo кој ќе биде налик Qashqai“, изјави шефот на Fiat, Оливие Франсоа.

Освен тоа, во Fiat веќе започнаа и со работа на наследникот на моделот Punto чија последна генерација престана да се произведува во 2018 година. Имајќи го предвид спојувањето на FCA и PSA групациите, се очекува наследникот на Punto да биде поставен на CMP платформата која веќе ја користат новиот Peugeot 208 и најновата генерација на Opel Corsa.

Шефот на Fiat, Оливие Франсоа, не сакаше да открива технички детали за новиот Punto, но потврди дека таков модел веќе е во развој. Додаде и дека на Fiat му е потребен модел од B сегментот и дека тоа не претставува никаква мистерија. Исто така, со оглед на тоа дека новите Opel Corsa и Peugeot 208 се нудат и во целосно електрична верзија, така и новиот Punto најверојатно ќе добие своја електрична варијанта.

Преземено од Avtoplus.mk