Италијанскиот производител на автомобили Fiat размислува производството на автомобилот Fiat Tipo да го пресели во Србија. Поради најновите настани во Турција, каде што овој модел се произведува за целиот свет, постои голема шанса Tipo да се појави на производните линии во Крагуевац, Србија, пишува РТС.
Тоа ќе зависи од договорот меѓу Србија со Руската Федерација околу квотите за извоз на автомобили, но и од развојот на политичката ситуација во Турција.
Фабриката Fiat Chrysler автомобили Србија (FCA) има доволно капацитет за да го прифати овој модел. Вкупниот извоз на фабриката од Крагуевац до октомври достигна една милијарда евра. FCA е една од најдобрите фабрики во Европа според оценките на здружението на производители и во целост е подготвена за производство на овој модел на автомобил.