Филијалата на Стопанска банка во Автокоманда затворена од 10-ти до 18-ти јуни

34

 

stopanska-banka

Филијалата на Стопанска банка во Автокоманда нема да работи од 10-ти до 18-ти јуни оваа година, поради изведување на градежни работи. Како што информираат од банката, и банкоматот во филијалата ќе биде вон употреба.

Во исто време, филијалите на Стопанска банка на Бит Пазар и Ченто ќе работат со продолжено работно време во дадениот период, а на клиентите на располагање им се и другите филијали во Скопје. Филијалата на Стопанска банка на Бит Пазар ќе работи од понеделник од 8:30 до 17:00 часот, а во сабота од 09:00 до 13:00 часот, додека филијалата Ченто е отворена од понеделник до петок од 8:30 до 17:00 часот.