Фин тек аквизиција “тешка“ над седум милијарди долари

39

Компанијата Intuit ја презема фин тек компанијата Credit Karma за 7,1 милијарди долари, пренесува CNN.

Intuit е софтверска компанија што ја развива програмата за даноци TurboTax, сметководствената програма за мали компании QuickBooks и платформата за управување со лични финансии Mint.

Преку купување на Credit Karma, Intuit влегува во светот на фин тек посветен на управување со лични финансии.

Инаку, Credit Karma е основана во 2007-ма година, а овозможува бесплатно следење на кредитната состојба на потрошувачите. Компанијата заработува така што препорачува различни финансиски производи, како што се кредитни картички или кредити, врз основа на финансиска анализа на потрошувачите. За направените услуги, таа си наплаќа провизија. Во текот на минатата година, Credit Karma прикажа приходи од скоро милијарда долари, што е за 20% повеќе во однос на претходната година.

Дека фин тек секторот има огромен потенцијал е доказ и одлуката на Visa да го преземе стартапот Plaid за 5,3 милијарди долари.

Фото: Pexels