Financial Times го прогласи Тим Кук за личност на годината

17

tim kuk

Реномираниот Financial Times го прогласи извршниот директор на компанијата Apple, Тим Кук, за личност на годината.

Наследникот на Стив Џобс ја доби оваа титула затоа што продолжи по стапките на својот претходник, ги издржа нападите на инвеститорите и губењето на вербата кај следбениците на култот на Apple и успеа да ги увери дека компанијата може да напредува и по смртта на основачот, пишува FT.

Годинава Кук истапи од сенката на својот претходник и и даде на компанијата свој сет на вредности и приоритети: донесе свежа крв, го смени начинот на менаџирање со парите, го отвори Apple за соработка и повеќе се фокусира на социјалните прашања. Со новите производи го врати духот на иновациите, за кој многумина се плашеа дека умре заедно со Џобс.

Пресудни за изборот на Личност на годината не беа само финансискиот успех и новата технологија, туку и храброто покажување на своите вредности, оценува FT.