Финансиска поддршка за модернизација на земјоделството

21

Финансиска поддршка од 150 милиони денари ќе добијат земјоделците кои склучуваат договори со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за модернизација на земјоделските стопанства, односно за трактори и приклучна механизација и за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи.

На јавниот повик за доставување барања за користење финансиски средства од оваа програма кој беше објавен на 13 декември 2013 и траеше до 15 јануари годинава беа доставени 800 барања за финансиска поддршка за инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства кои обработуваат житни или индустриски култури.

Ќе бидат склучени договори со 612 корисници за трактори и останата механизација и десетина договори за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи.