Финансиски резултати за 2015 на Kuehne + Nagel Group: Континуиран успех

13

KUEHNE - NAGEL

За Kuehne + Nagel групацијата, 2015 година уште еднаш се покажа како успешна година, стои во соопштението на компанијата.

Профитабилноста, како што се наведува, се зголеми, што доведе до нови рекордни резултати во заработката за таа година. Поради стабилноста на швајцарскиот франк, нето приходот е 16,731 милиони швајцарски франци, а бруто добивката остана иста како и минатата година. Резултатите од работењето (заработувачката пред камата, даноци и амортизација) се зголемија за 3.6% или 1,041 милиони швајцарски франци. Резултатите од работењето изнесуваат 5.1%, односно го постигнаа таргетот на време. Заработката за годината се подобри за 5.4% или на 679 милиони швајцарски франци.

Др. Детлеф Трефзгер, извршен директор, изјави: “Горди сме што во овие тешки времиња ние сме во можност да ја зголемуваме нашата профитабилност и уште еднаш да постигнеме нови рекордни резултати. Овие позитивни перформанси беа водени од ефективноста на нашите вработени, како и од успешното имплементирање на стратешките иницијативи. Нашата блискост со клиентите и разбирањето на нивните потреби ни овозможува да го прошириме нашиот иновативен спектар на услуги согласно потребите на пазарот. Тоа ни овозможува да го поставиме курсот за идните успеси на групацијата”.

Бродски транспорт

Карактеристика за меѓународниот бродски пазар беше непостојани цени на пазарот и слаб раст, но Kuehne + Nagel се фокусираше на профитабилниот бизнис. Во првата половина на годината волуменот на пратки паѓаше, но тоа беше искомпензирано со профитабилноста од втората половина на годината со зголемувањето на волуменот од Северна Америка и Азија. Додека извозот од Европа стагнираше, Kuehne + Nagel го зголеми транспортот од и кон Северна и Јужна Америка. Со специјалните решенија за збирните бродски пратки на температурно одржување, Kuehne + Nagel доби дополнителен дел од пазарот и ја зацврсти својата позиција. Во тотал компанијата истранспортирала 3.8 милиони ТЕУ-а, истата количина како и минатата година, само со поголема профитабилност. Бруто добивката по ТЕУ се зголеми за 5.2%, а резултатите од работењето се зголемија за 15.3% споредбено со минатата година.

Авионски транспорт

Во авионскиот транспорт Kuehne + Nagel остана на курсот со ист успех. Компанијата го зголеми транспортот по тонажа за 4.7% или 1,250,000 тони, а со тоа го задржа местото како втор по големина авионски транспортер во светот. Значајни фактори за добрите резултати се специфичните индустриски решенија, кои доведоа до значајни бизнис зделки во фармацевтската и авионската индустрија. Профитабилноста во бизнисот е резултат на стапката на конверзација, која се зголеми од 27.0% на 29.3% во однос на претходната година. Резултатите од работењето пораснаа на 11.3%.

Камионски транспорт

Перформансите од работењето во камионскиот оддел останаа стабилни, со оглед на предизвиците на пазарот во Европа. Активностите за збирен камионски транспорт во Германија, Франција и Велика Британија беа успешно спроведени. Новиот концепт на работа за комплетните камионски пратки и дотоварите, продолжи да остварува профит за одделот. Аквизиција на компанијата ReTrans, американски добавувач на мултимодални решенија за управување со транспортот, е завршена во август 2015 год., а со тоа Kuehne + Nagel ја зајакна положбата на пазарот во Северна Америка. Нето приход по царинските формалности и даноци, Kuehne + Nagel Group оствари нето добивка од 16,731 милиони швајцарски франци во 2015 година, што преставува намалување од 4.4% споредбено со минатата година. Негативните ефекти на курсната разлика влијаеја на нето приходот за 8.0%. Додека нето приходот во Азија остана стабилен во однос на претходната година, во Америка се покачи за 9.2%.

Бруто добивка

Бруто добивката, којашто е подобар индикатор за перформансите на една логистичка компанија, е за 6,251 милиони швајцарски франци пониска (или 0,6%) во однос на претходната година. Негативните влијанија на курсната разлика влијаеја со 8.6%. Во Америка бруто добивката се покачи за 14.0%, додека во Азија за 10.9%.

Резултати од работењето (заработувачката пред камата, даноци и амортизација)

Заработката пред оданочувањето се зголеми за 3.6% или 1,041 милиони швајцарски франци споредбено со претходната година. Негативните ефекти на курсната разлика имаа влијание од 7.8%.

 Резултати од работењето

Во 2015 год., заработката пред оданочувањето се подобри 31 милиони швајцарски франци или за 850 милиони швајцарски франци, каде што негативните ефекти на курсната разлика имаа влијание од 7.1%. Зголемувањето беше пред сè поради подобрената профитабилност.

Карл Гернандт, претседател на Бордот на директори на Kuehne + Nagel International AG, изјави: “Резултатите во јубилејната година потврдија дека нашата компанија е стабилна и во турбулентни времиња. Нашите структура и процесите се доволно флексибилни да одговорат брзо и ефективно на новите барања на пазарот. Пазарот ќе остане предизвикувачки и во оваа година, но нашиот флексибилен бизнис модел, цврстото раководство и пред сѐ посветеноста на нашите вработени секаде во светот, ќе им овозможи на Бордот на директори да останат оптимисти дека и оваа година ќе имаме позитивни резултати“.