ФИНЕКСПО 2013 по 11-ти пат

13

Денеска на Скопски саем по 11-ти пат ќе се одржи конференцијата за деловни можности, финасии и економски развој – ФИНЕКСПО 2013.
Предвидено е да се одржи тркалезна маса на тема „Актуелни состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија“.

На дебата ќе учествуваат бројни гости, меѓу кои и министерот за финансии Зоран Ставрески, претставници на Народната банка, Здружението на банкарство, генералните директори на банките во Македонија, претставниците на стопанските комори, раководители на значајни институции, како и еминентни претставници на бизнис заедницата.

Настанот традиционално секоја година се одржува под покровителство на Министерството за финансии на Република Македонија.