Финска: Еко текстил од бреза

45

Компанијата Ioncell од Финска создаде технологија којашто користи широк спектар на материјали како дрво, рециклирани весници, стар памук и картон за да произведе ткаенина, пишува Inhabitat.

Во процесот на добивање на ткаенината, наместо штетни хемикалии се користи јонска течност, а самата технологија придонесува за намалување на проблемот со отпадот по користење на алиштата.

Благодарение на тоа што се биоразградливи се заштитува и животната средина, а откако повеќе нема да се користи материјалот може повторно да се рециклира.

Ткаенината најчесто се добива од бреза, чијашто пулпа се меша со јонската течност за да се добие целулозен материјал.

Крајниот производ е мек и лесно “паѓа“, па е добар избор за формална облека, палта, шалови, ракавици и слично.

Фото: Ioncell