Firevase – вазна што се претвора во ПП-апарат

21

Cheil Worldwide, маркетинг агенција од Сеул, Јужна Кореја, подружница на Samsung Fire & Marine Insurance, дел од Samsung, создаде вазна за цвеќе што се претвора во ПП-апарат. Firevase е изработена од проѕирно црвено стакло, а е опремена со калиум карбонат во запечатена комора којшто изгледа како вода.

Доколку избие пожар, вазната само се фрла во огнот и веднаш се создава реакција на ладење, со цел да се “истисне“ кислородот и да не се дозволи ширење на пламените јазици.

Firevase беше дел од кампања во земјата, за користење на ПП-апарати и подигнување на свеста за опасноста од пожар, Dezeen.

Според Samsung Fire & Marine Insurance кај дури 81% од испитаниците, кампањата имала позитивен ефект и ја постигнала целта, па затоа бројот на дистрибуирани производи ќе биде зголемен за 200.000.

Видеото може да го погледнете тука.

Фото: Facebook