Фирми и физички лица на УЈП ѝ должат 8,6 милијарди денари

42

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави петтата листа на должници во којашто има 1.685 должници – правни лица (помалку за 61 од претходната листа) и 2.876 физички лица (повеќе за 103 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2021 изнесува 8.667.220.130 денари, помалку за 487.483.115 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.453.893.286 денари (помалку за 492.806.290 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 217.275.282 денари (повеќе за 5.323.175 денари од претходната листа).

На листата се најдоа должници чии долгови се доспеани до 31.01.2021 и неплатени до 30.04.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Фото: Pixabay