Fitch го намали кредитниот рејтинг на 33 земји

36

Бонитетната агенција Fitch Rating го намали кредитниот рејтинг на 33 земји во текот на првите шест месеци од оваа година, но се очекува уште земји да добијат понизок кредитен рејтинг поради пандемијата што ја предизвика коронавирусот.

Џејмс Мекормек, глобален шеф за рејтинзи на Fitch, вели дека агенцијата дала “негативни“ изгледи за уште 40 земји, што значи дека и тие земји би можеле да се соочат со понизок кредитен рејтинг, пишува CNBC.

“Никогаш во историјата на Fitch Ratings не сме имале во исто време 40 земји со негативни изгледи и тоа откако веќе во првата половина од годината намаливме 33 рејтинзи“, вели Мекормек.

Тој додаде дека не се случило досега на толку многу земји да им биде намален кредитниот рејтинг, а сега тоа е направено за половина година.

Меѓу оние земји кои добија понизок кредитен рејтинг се Велика Британија, Австралија и Хонгконг.

Фото: Freepik