Fitch го потврди рејтингот на Македонија на ББ+ 

27

fitch

Кредитната агенција Fitch го потврди ББ+ кредитниот рејтинг на Република Македонија. Како база за својата оценка Fitch ги зема економскиот раст и одличната бизнис клима.

Fitch смета дека растот на македонската економија за 2015 година ќе изнесува 3,2% од БДП, додека за 2016 и 2017 година проектира 3,6%.

Во извештајот, бизнис климатата во Македонија се оценува како поволна, а банкарскиот сектор како стабилен и добро капитализиран.

Во извештајот на Fitch се вели дека македонската економија според повеќе индикатори има подобар перформанс од кредитниот рејтинг на ниво ББ, како развојот на човечки ресурси, нивото на државен долг и дефицит кои се оценети како умерени.

Како ризици во извештајот се истакнуваат актуелната политичка ситуација и пролонгирањето на политичката нестабилност.

Fitch има позитивни перспективи за економијата на ЕУ, за која наведува дека ќе продолжи да се опоравува што и оди во прилог на македонската економија чиј најголем трговски партнер се земјите од ЕУ.