Флаширана вода за пиење од ауспухот на Хонда

119

honda auspuh voda

“Зачувајте го синото небо за своите деца“ е мотото на јапонскиот инженер Соичиро Хонда, основач на автомобилскиот гигант Хонда.

Оваа компанија лансираше сопствен бренд на вода, со кој сака да ја покаже чистината на емисијата на гасови на FCX (Fuel Cell eXperiment) автомобилите, кои ја користат технологијата на водород како гориво.

Станува збор за креативна кампања чија цел е промоција на масовно производство на автомобили на водород. Автомобилскиот гигант го започна првото масовно производство на автомобили на водород, па единствената емисија на гасови е чиста вода, која се формира поради согорување на водородот.

Како доказ дека водата е за пиење, Хонда одлучи да ја флашира и да ја брендира како H2О, нов бренд на автомобилскиот гигант. На таа идеја дошол австралискииот тим на компанијата со помош на креативната агенција Лео Бурнет, па малите шишиња H2O се наоѓаат на сите продажни места на Хонда, како и во сите автосалони.

Honda h20

“Брендот Н2О е интересен начин Хонда да му ја покаже на општеството посветеноста и грижата за здравата животна средина. Наместо да зборуваме за потребата од намалување на штетните издувни гасови, ние тоа во пракса го спроведовме“, рече генералниот директор на Хонда за Австралија, Џејсон Милер.

Хонда FCX автомобилите претставуваат нова генерација возила чија емисија на штетни гасови е сведена на нула. Претставувањето на новата генерација автомобили се најавува за следната година во Јапонија и САД,  по што следи промоција и во Европа.

fcx honda

Хонда започна соработка со јапонската компанија Metals & Chemicals Co со цел да се рециклираат металите од никел – метал – хибрид батериите собрани од користените хибридни возила на дистрибутерите на Хонда ширум светот.