Flippr: Иновативна и редизајнирана даска за пеглање

292

flippr-facebook

Фото: Facebook

Flippr е даска за пеглање којашто е комплетно редизајнирана и има цел да го олесни извршувањето на оваа не толку популарна домашна задача.

Корисникот без никаков проблем ќе може да испегла пантолони или маици како вистински професионалец, без да му одзема многу време.

Flippr е даска на којашто двострано може да пеглаат алишта и којашто може да се движи за 360 степени. Исто така, даската е опремена и со дополнителни додатоци за полесно пеглање на ракави и ногавици. Flippr има алуминиумска рамка, што ја дава неопходната цврстина, но и леснотија.

Американскиот Sharkk Labs го претстави овој изум на глобалната платформа за групно финансирање Ingiegogo, каде што до крајот на декември собра 324.128 долари.