FlyBosnia изнајмува авион стар скоро 30 години

173

Националниот авиопревозник на Босна и Херцеговина, FlyBosnia повторно ќе воспоставува ред за летање откако изнајми авион од типот Airbus А320, пренесува Ex Yu aviation.

Овој авион, што претходно го користел United Airlines, е стар 26 години, а би требало да биде испорачан во првиот квартал од следната година.

На почетокот на август, FlyBosnia отпушти 20 вработени, а го приземји и единствениот авион што го користеше поради старост и можни дефекти.

Инаку, компанијата се соочувала со финансиски проблеми и пред избивање на пандемијата, којашто само дополнително ја искомплицира ситуацијата.

Фото: Pixabay