Flyte – чорапи изработени од бамбус

213

Flyte Socks, старт-ап од Канада којшто ја стартуваше својата идеја скромно преку кампања на Kickstarter, си обезбеди место во бизнис заедницата благодарение на својот иновативен производ – чорапи од бамбус.

Основачи на стартапот се Ханг Џин и Џефри Трин од Торонто Канада, а нивната цел е да обезбедат одржлив и квалитетен производ. Чорапите се изработени од врвни дизајнери од Канада користејќи исклучиво бамбус на којшто му е потребно многу помалку вода од памукот.

Flyte се исклучително издржливи, не задржуваат миризба и влага благодарение на својствата од бамбусот и имаат дополнителна заштита од кинење на прстите и стапалата. Ги има во различни креативни дизајни и не се лизгаат за време на носењето.

Тимот од Flyte Socks донира од своите производи и средства и во хуманитарни цели.

Со првата кампања успешно беа испорачани 10.000 пара и собрани 104.319 долари.

Фото: Flyte Socks