Фолксваген до крајот на годинава ќе ги реши проблемите поради недостигот на делови од Словенија

20

Фолксваген до крајот на септември ќе подготви план за решавање на проблемот поради недостигот на компоненти од Словенија, каде неговиот снабдувач КЛС Љубно беше погоден од големи поплави.
Проблемот сакаат да го решат  до крајот на оваа година, објаснуваат од германскиот автомобилски концерн. Нагласија дека сакаат да го задржат КЛС Љубно меѓу нивните добавувачи.

Како што изјави директорот за набавки на Фолксваген, Дирк Гросе-Лохеиде за германската новинска агенција dpa во понеделникот пред почетокот на автосалонот во Минхен, нивните заменски добавувачи моментално го зголемуваат производството за да ја пополнат празнината.

Тој посочи дека немаат намера да ја прекинат соработката со словенечкиот добавувач. „Тоа е одличен добавувач, секако дека сакаме да го задржиме“, велат од Гросе-Лохеиде, посочувајќи дека КЛС Љубно помага во чистење на производните површини и рестартирање на производството. Стотина вработени се испратени од фабриката на Фолксваген во Салцгитер во Словенија, а дополнителни 30 од Хановер.

Поради недостиг на компоненти, Фолксваген беше принуден да го намали производството на автомобили во фабриката во Хановер, а во фабриката во Палмела, Португалија, работата ќе биде целосно прекината на два месеци од 11 септември. Во Волфсбург бројот на поединечни смени ќе се намали истиот ден.