
Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ ќе ја намали работната сила во Германија за 19.000 луѓе до крајот на годината, објави извршниот директор на таа компанија, Оливер Блуме.
Според неговите зборови во писмо до акционерите, „Фолксваген“ веќе го договорил заминувањето на повеќе од 28.000 вработени до крајот на 2030 година, објавува „Ханделсблат“.
Трошоците за производство во германските фабрики се намалени за повеќе од 20 проценти, додека веќе се постигнати одржливи заштеди од околу една милијарда евра, истакна Блуме.
На крајот од 2024 година, компанијата постигна договор со претставниците на вработените за укинување на вкупно 35.000 работни места до крајот на деценијата.
Компанијата сега има за цел годишна нето заштеда од шест милијарди евра до крајот на деценијата.
И покрај напредокот во намалувањето на трошоците, „Фолксваген“ сè уште се соочува со силни надворешни притисоци, додаде Блум.
Како што изјави тој, царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп директно и индиректно ја чинат компанијата околу пет милијарди евра годишно.
Брендот „Ауди“, кој нема сопствено производство во Соединетите Американски Држави и затоа зависи од увозот на возила од Европа и Мексико, е особено погоден.
Фото: Pixabay











