Фолксваген оствари огромна добивка во првиот квартал

84

Германскиот светски производител на автомобили Фолксваген соопшти дека остварил оперативен профит од 8,5 милијарди евра во првиот квартал од 2022 година.
Компанијата исто така соопшти дека влијанието на руската војна против Украина, нарушувањата во синџирот на снабдување со суровини и зголемувањето на цените на суровините создаваат несигурност на пазарот, пренесе агенцијата Анадолија.

„Покрај тоа, негативните ефекти може да продолжат да бидат резултат на влошувањето на пандемијата Ковид-19 и состојбата со снабдувањето, особено за полупроводниците“, се вели во соопштението.

Во првите три месеци од оваа година, Фолксваген на клиентите им испорача 99.100 електрични возила со батерии, што е за 39.000 повеќе отколку во истиот период минатата година.

Европа остана регионален лидер во продажбата на електрични автомобили со батерии со 58.400 продадени возила.

Најголем раст е забележан во Кина, каде 28.800 клиенти ги добиле своите електрични VW четири тркала, што е повеќе од четири пати повеќе од претходната година.
Групацијата Volkswagen ја сочинуваат брендовите Audi, Seat, Scania, Škoda, Porsche и Volkswagen.