Фон дер Лејен: ЕУ премногу бавно ги одобруваше вакцините

20

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен призна за грешките во европската стратегија поврзана со вакцините, но ги бранела темелните начела.

“Доцневме со одобрување. И можеби бевме премногу сигурни дека она што ќе го порачаме, ќе стигне на време“, рекла таа пред Европскиот парламент.

Таа смета дека биле “потценети потешкотиите во масовното производство и на некој начин науката ја надмина индустријата“.

Сепак, претседателката го бранела начинот на којшто се одобрувани вакцините за земјите членки на Европската унија.

Фото: Freepik