Фондацијата Тиквешки вински пат изработи туристички пакети за дојдовен туризам

34

Фондацијата Тиквешки вински пат изработи туристички пакети за дојдовен туризам заедно со Асоцијацијата на туристички агенции што се занимаваат со привлекување на дојдовни туристи, соопшти денеска директорот на Фондацијата, Виолета Јанкова, пишува Миа.

“Овие туристички пакети многу наскоро ќе бидат промовирани пред јавноста, пред медиумите и лицата задолжени за развојот на туризмот во Македонија, како и пред претставници на винариите членки на Фондацијата кои во иднина ќе бидат во туристичките понуди за странските туристи“, појасни Јанкова.

Таа информираше дека заедно со грчки партнери, работат на два нови проекта за прекугранична соработка.

“Проектите во вредност од околу половина милион евра, имаат за цел подобрување на инфраструктурата и едукацијата, кои се неопходни за развојот на туризмот“, нагласи Јанкова.