Фондот Илирика ЈИЕ со признание од Investors Review од Велика Британија

33

 

ilirika-logo

Илирика на својот Годишен инвеститорски состанок ги презентираше резултатите од минатата година и проекциите за 2017-та година. Чекорите што Илирика ги презема веќе неколку години ја ставија компанијата на меѓународната сцена и затоа реномираниот магазин Investors Review за 2016-та година ја избра Илирика помеѓу најдобрите инвеститорски финансиски институции, стои во соопштението.

Илирика ги доби признанијата за Fund Elite, Single Manager и Finest in Finance. Овој магазин е дел од медиумскиот холдинг AI Global Media, којшто издава публикации во 170 држави во светот и имаат околу два милиони претплатници.

Вложувањето во акции на берзата или акциски инвестициски фондови е чекор кон стабилен менаџмент на личните фондови коишто постепено растат во соработка стручни советници. Долгогодишното локално и меѓународно искуство и признанието од интернационални организации, како што се наведува, ја одразуваат довербата во Илирика. Илирика фунд менаџмент овозможува лична соработка со идните инвеститори и согласно преференциите на клиентот соодветно управува со ризиците преку професионално обучен персонал. На сите пазари каде Илирика е присутна, како високо – стручна финансиска институција обезбедува лична и ефикасна услуга, којашто ги исполнува барањата и на најпребирливите клиенти. Со стручноста, знаењето и со богатото искуство на инвеститорите Илирика обезбедува чесно, сигурно и промислено управување со имот.

Илирика како врвна финансиска институција во Македонија нуди високо ниво на инвестициски услуги на македонскиот пазар. Присутните на Годишната инвеститорска средба имаа можност да се запознаат со најновите информации од македонската и светската берза. Илирика ги претстави успесите од минатата година и чекорите кои ќе ги преземат во новата година согласно нивните проекции. Илирика е број еден брокер на Македонската берза за 2016-та година со пазарен удел од 29%, а Друштвото во текот на 2016 година го доби јубилејното признание од Македонската Берза, по повод 20 години Македонска берза, како друштво со најголем промет од основањето на берзата.