Фондот за иновации и технолошки развој го отвори третиот повик за финансирање проекти

27

fond-za-inovacii

Фондот за иновации и технолошки развој го отвори третиот повик за финансирање проекти т.е. повик за поднесување предлог – проекти за поддршка од Инструментот за кофинсирани грантови за новоосновани трговски друштва старт – ап и спин – оф, пишува Миа.

Повикот е отворен денеска и ќе трае 60 дена. За финансирање проекти од овој повик обезбеден е вкупен износ од 450.000 евра, наменети за 15 старт – ап и спин – оф претпријатија.

Фондот за иновации и технолошки развој, кој беше основан во 2014 година, во центарот на Скопје отвори контакт – канцеларија заради поголема достапност за потенцијалните апликанти кои ќе пријават иновативни проекти.

Новата канцеларија ќе ја олесни комуникацијата со сите кои се заинтересирани за можностите за развој на иновативни идеи преку програмите на Фондот.