Фото: Facebook
Магазинот Forbes секоја година избира 100 највредни брендови од цел свет. Оваа година меѓу првите 100 се наоѓаат компании од 15 земји во светот, а најбројни се компаниите од САД (56), Германија (11), Франција (7), Јапонија (6), Швајцарија (4), Шпанија (3), Белгија, Кореа, Холандија, Шведска (2), Австрија, Кина, Данска, Ирска , Велика Британија со по еден бренд. Технолошките брендови се наоѓаат на врвот на листата. Apple и оваа година го зазема првото место, зад него е Google, а на третото место се наоѓа Microsoft.
На првите десет места за 2017 година се наоѓаат следниве брендови:
- Apple – Технологија, 170 милијарди долари
- Google – Технологија, 101,8 милијарди долари
- Microsoft – Технологија, 87 милијарди долари
- Facebook – Технологија, 73,5 милијарди долари
- Coca-Cola – Пијалаци, 56,4 милијарди долари
- Amazon – Технологија, 54,1 милијарди долари
- Disney – Рекреација, 43,9 милијарди долари
- Toyota – Автомобили, 41,1 милијарди долари
- McDonald’s – Ресторани, 40,3 милијарди долари
- Samsung – Технологија, 38,2 милијарди долари