Форбс: Путин помоќен од Обама

32

barack-obama-vladimir-putinПретседателот на Русија, Владимир Путин, го престигна својот американски колега Барак Обама на листата на Форбс на најмоќни политичари на светот, заземајќи го првото место.

“Путин ја зајакна својата контрола врз Русија, додека Обама се соочува со непријатен период, порано од што е вообичаено за двогодишен претседателски мандат. Последен пример е збрката поради блокадата на Владата”, пишува Форбс.

Русија му додели азил на поранешниот агент на американската национална безбедносна агенција Едвард Сноуден, кого САД го бараат поради објавување доверливи документи. Месец дена подоцна, Путин го спречи Обама да ја нападне Сирија поради производство на хемиско оружје.

“Сите кои ја следеа партијата шах поради Сирија и протекувањето на информации, ја сфатија промената на динамиката на моќните поединци”, пишува Форбс.

Ова е прв пат во последните три години претседателот на САД да се најде на второ место на најмоќните според магазинот Форбс.

Трет на листата е шефот на кинеската држава Си Џинпинг. На четврто место се најде папата Франциско, а на петто е германскиот канцелар Ангела Меркел.