Форбс: Тие се новата српска бизнис елита, имаат најмалку 140 компании и вртат милијарди

300

Тие се новата српска бизнис елита. Медиумите редовно известуваат за нив. 11 од нив поседуваат, директно или индиректно, најмалку 140 компании регистрирани во Србија и во странство, пишува Форбс Србија.

Нивниот деловен успех бележи постојан раст, а најголемиот дел од приходите го должат на силните врски со актуелните власти и благодарение на работите што ги добиваат од државата и нејзините компании поради тие врски.

Нивните фирми се изведувачи или подизведувачи во изградба на големи патишта, главни градежници во реконструкција или изградба на училишта, болници, здравствени домови, градинки, спортски сали, стадиони… Тие се запознаени и со финансискиот сектор (банки и осигурување) , а регистриран е и добар број фирми за консултантски услуги.

Компаниите со кои управуваат имаат основни средства (најчесто недвижен имот и опрема) во вредност од 1,1 милијарда евра. Кога ќе се додадат тековните средства во вредност од 768 милиони евра, кои најчесто се состојат од залихи, краткорочни побарувања и ликвидни средства и кои можат да се наплатат во случај на потреба, тие всушност „лежат“ на средства во вредност од речиси 2 милијарди евра.

Од друга страна, ним не им е туѓо и задолжувањето, па во моментов должат 1,45 милијарди евра (нешто повеќе од 800 милиони долгорочни обврски и скоро 620 милиони краткорочни).

Кога ќе се повлече линијата, тие се успешни, истакнуваат авторите на текстот.

Само во последните три години оствариле приходи од над 3 милијарди евра.

И сите до еден се профитабилни, а во последните три години нивната нето добивка надмина 215 милиони евра.

Сепак, тие не се бизнис шампиони. Кога вкупната добивка ќе се стави во однос на приходот, се доаѓа до податокот дека просечната профитна маржа на оваа групација е 6,8%. Во деловниот свет, профитната маржа од 10% претставува здрава маржа, додека нешто поблиску до 5% се смета за ниско.

Тоа сугерира дека и покрај се, тие немаат развиено деловни и менаџерски вештини еднакви на попознати имиња од корпоративниот свет, без разлика дали се работи за мултинационални компании или успешни домашни компании.

Најмалку 30 отсто од нивните фирми се основани во последните четири години, а не е мал бројот и оние кои припаѓаат на микроекономски компании и имаат само еден или двајца вработени.

Подолу е даден преглед на нивните деловни резултати од финансиските извештаи на компаниите за кои утврдивме дека имаат сопственост и од кои се бара да достават финансиски извештаи во Србија (податоците за вкупните приходи и добивки се дадени во сите табели збирно за последните три години) :

Форбс Србија ги носи своите деловни резултати од финансиските извештаи: