Форбс: Трамп повеќе не е меѓу 400 најбогати во САД

119

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп “испадна“ од листата на 400 најбогати луѓе во Америка на списанието Форбс, за прв пат по 25 години.

Богатството на поранешниот американски претседател се проценува на 2,5 милијарди долари.

“Могулот за недвижности е богат како и пред една година, кога беше рангиран на 339 -то место на листата, но загуби 600 милиони долари од почетокот на пандемијата“, наведува Форбс.

Од 1997 до 2016 година, Трамп имаше место во првите 200 на оваа листа.