Форд Фиеста слави 40 години

22

fiesta

Малку автомобили можат да се пофалат со толку долга и успешна традиција како Форд Fiesta.

Кога во 1976 година прв пат е лансирана Fiesta како нов модел на Форд, никој не претпоставил каков глобален успех ќе оствари токму овој автомобил. Денес, таа е најпродаваното мало возило во Европа и еден од најпопуларните автомобили во светот.

Без оглед на тоа што времињата и технологиите се менуваат, Fiesta и понатаму на потрошувачите им нуди стил, економичност и квалитетни перформанси. Стилизирана низ годините, квалитетна, модерна и едноставно убава, е најомилениот и најпродаваниот автомобил во својот сегмент и во Македонија дури четири години по ред.

Постојат многу различни мотиви при изборот и купувањето автомобил, односот помеѓу вложеното и добиеното – впечатокот за квалитет, емотивното доживување. Но, кај Fiestaта во прашање се навистина многу предности. Комфорна и забавна за возење, со ниска потрошувачка, економична за одржување, „младешки дух“, со особено пријатен амбиент и атмосфера. Доаѓа во многу бои за да се вклопи во секој животен стил. На секој детал е посветено многу големо внимание во поглед на квалитетот на материјалите и на самиот инженеринг. Многу важна ставка која ги привлекува купувачите и ја зголемува нивната доверба е и тоа што Fiesta и понатаму се произведува во Германија. Револуционерните визии, за време на овој долг и пред сè, интересен пат ја да донесоа Fiesta, буквално, на самиот врв во својата класа.

По повод јубилејот, Ми-Да Гранд Моторс стартува продажна кампања Славиме Fiesta со која на заинтересираните потрошувачи им нуди период на атрактивни и неодоливи цени на бензискиот и на дизел моторот.

Не чекајте, побарајте си ТЕСТ возење.

Новата генерација Ford Fiesta веќе e најавена за следната година.