Ford го прекинува производството на еден од клучните модели

67

Форд го прекина производството во германска фабрика во Келн. Таму се прави еден од клучните модели на брендот, „фиестата“. Се очекува состојбата да се нормализира дури кон крајот на април.

Automobilwoche, повикувајќи се на портпаролот на германската филијала на брендот, информираше за продолжениот прекин во фабриката на Ford во Келн, пренесува веб-страницата Automobili.ba. Тоа е предизвикано од прекини во снабдувањето, иако производителот не прецизира за кои компоненти станува збор.

Локалниот весник „Билд“ пишува дека тоа би можело да бидат електрични кабли од Украина, како и чипови, поради чиј недостаток Форд претходно се бореше за време на пандемијата на коронавирус. Без оглед на причината, вработените нема да се вратат на своите работни места пред 25 април.

Во согласност со германските стандарди, производителот го воведе т.н. „Курзарбејт“, односно скратување на работното време или целосен прекин на активностите, притоа задржување на платите на вработените.

Вреди да се спомене дека фабриката во Келн е важна за Ford во однос на идните планови. Компанијата инвестираше две милијарди евра за да започне со производство на електрични автомобили.