Во својата 118 години долга историја, Ford може да се пофали со голем број легендарни автомобили, а еден од нив е Thunderbird кој наскоро ќе се врати на сцената.
Автомобилскиот гигант Ford побара да го заштити Thunderbird името, кое во минатото било користено од страна на компанијата, а тоа најавува и идно враќање на овој модел. Барањето за заштита на името било поднесено од американската канцеларија за патенти и заштитни знаци на 13 јануари година и ќе се применува за „моторни возила, пред се концептни моторни возила, моторни возила со четири тркала“, стои во апликацијата.
Името Thunderbird за прв пат е искористено за продукциски автомобил во 1955 година. Автомобилот првично бил двосед кабриолет наменет за уживање во возењето, наместо за тркачките патеки. Неговата ситна големина и масивниот мотор сепак значеше дека може да се искористи и на таков начин.
Во производство беше од 1955 до 1997 година по Thunderbird имаше мал јаз пред да се врати како ретро роудстер од 2002 до 2005, а што ќе се случува сега со името останува да се види. Можеби веќе ги имаме првите назнаки за тоа, кога Џејсон Кастриота, глобалниот брејд директор на Ford за електрични возила, неодамна во интервју истакна дека „Синиот овал“ сака да ги искористи своите легендарни имиња за идните електрични возила.
Ford Thunderbird во својата историја е продаден во 4,4 милиони примероци. Оваа бројка можеби не е голема како нај некои други модели, но потребно е да се каже дека низ најголемиот дел од својата историја, Thunderbird бил најголемиот, најлуксузниот и со самото тоа најскапиот Ford.
Интересно е да се напомене дека Ford во изминатите 15 години редовно го обновуваше правото на името Thunderbird, но од некоја причина тоа не беше направено минатата година, па оттаму и сега целосно новата апликација за заштита на овој знак. Токму затоа се смета дека името Thunderbird совршено би се вклопило со некој модерен електричен автомобил.
Преземено од Avtoplus.mk