Ford губи важен директор, кој преминува во Amazon

49

Во борбата за таленти меѓу автомобилската и технолошката индустрија, што се води во САД, компанијата Ford Motor го губи својот главен технолошки директор, кој преминува во Amazon.

Ford потврди дека главниот директор за технологија, Кен Вашингтон, кој е во компанијата од 2014 година, ќе го напушти автомобилскиот гигант на 16-ти јули, пренесува CNBC.

Тој ќе му се приклучи на тимот на Amazon како потпретседател за софтверски инженеринг во Калифорнија.

Заминувањето на Вашингтон е голем удар за американскиот производител на автомобили, којшто планира да ги забрза инвестициите од милијарда долари во развој на електрични и автономни возила, врз основа на новиот план за производство на генералниот директор, Џим Фарли.

Џим Буковски, кој беше задолжен за истражување и дизајн на електрични и електронски системи, привремено ќе ја преземе должноста шеф на истражувачкиот и инженерскиот тим на Ford, додека не се најде експерт кој трајно би го заменил Вашингтон.

Фото: Pexels