Ford и Volkswagen вложуваат милијарди во развој на автономни и електрични возила

8

Двата големи автомобилски гиганти, Ford и Volkswagen ќе ја продлабочат својата соработка што ја започнаа уште во јануари. Овој пат, двете компании заеднички ќе инвестираат милијарди во развој на технологии за автономни и електрични возила, пишува CNBC.

Зделката ќе им овозможи на производителите да ја споделат својата интелектуална сопственост и хардверот. Volkswagen ќе му дозволи на Ford пристап до платформа којашто ќе “зајакне“ десетици електрични возила што германската компанија планира да ги претстави на пазарот до средината на следната декада.

Volkswagen, исто така, ќе инвестира и во Argo AI, компанија од Питсбург специјализирана за истражување и развој на автономни возила. Заедно Ford и Volkswagen минатата година произвеле 18 милиони возила, што 20% од вкупното производство во светот.

Фото: Pixabay